Connect with us

Фудбал

Данска на местото на Северна Ирска меѓу носителите во баражаот за СП

Репрезентациите на Швајцарија, Италија, Данска и на Хрватска ќе бидат носители на утрешната ждрепка во баражаот за Светското фудбалско првенство 2018.

УЕФА врз основа на денеска објавената ФИФА рејтинг листа меѓу носителите ја вметна Данска на сметка на Северна Ирска која по двата пораза (Германија и Норвешка) овој месец го расипа пласманот.

Швајцарија има најдобар рејтинг (11.место), а по неа следуваат Италија (15), Хрватска (18), Данска (19). Кај неносителите Северна Ирска е 23-та, Шведска 25. Ирска 26 и Грција 47-ма.

Ждрепката е закажана за утре од 14 часот.