Connect with us

Фудбал

Дарио Срна: “Никогаш намерно не сум користел недозволиви супстанци“

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Хрватска, Дарио Срна, потврди дека бил позитивен на последниот допинг тест, но додаде дека никогаш намерно не користел недозволиви супстанци.

Фудбалерот на украинскиот гигант Шахтјор од Донецк потврди дека се повлекува од зелениот терен се додека трае истрагата против него. Искусниот десен бек верува дека ќе докаже дека немал никаква намера да користи недозволиви супстанци.

-На 18. септември, Националниот антидопинг центар во Украина, ме информираше дека во мојот примерок, кој го дадов на 22. март, е пронајдена недозволива супстанца. Како прво и најважно, сакам да истакнам дека никогаш намерно не сум користел некаква недозволива супстанца, ниту пак сум се обидел на некаков незаконски начин да ги зголемам моите спортски способности или квалитети, напиша Срна во своето писмо.