Ракомет
Дарко Димитриевски: “Го видовме Бешикташ во Струга и знаеме со што располага“
Денеска Металург одржа прес-конференција, по повод претстојната средба од второто коло на Лигата на шампионите, против екипата на турски Бешикташ.
Дарко Димитриевски:
“Го видовме Бешикташ во Струга и знаеме со што располага, а ги и знаеме играчите. Имаме време да се одмориме и со добра игра да стигнеме до победа на овој натпревар. Во дуелот со Војводина имавме многу технички грешки, нереализирани зицери и пенали и потребно е сето тоа да го корегираме“