Connect with us

Фудбал

Давиде Калабрија заврши в болница

Одбранбениот фудбалер на Милан, Давиде Калабрија, беше примен во болница минатата ноќ откако доби удар во главата за време на натпреварот на „росо-нерите“ со Киево во Верона.

Калабрија по повредата теренот го напушти на носилка со имобилизирани глава и врат.

Милан соопшти дека Калабрија е примен во болница, каде му се констатирани повреди на главата и лицето. Фудбалерот ќе остане во клиниката во Верона на понатамошно набљудување, но во овој момент неговата состојба е стабилна.

Милан гопобеди Киево со 4:1 и с епроби на осмата позиција во Серија А.