Connect with us

Други спортови

Давидовски ќе настапува во светскиот „TCR шампионат“

Македонскиот автомобилист Виктор Давидовски после 20 сезони извозени во македонскиот и српскиот шампионат, во 2018 година ќе настапува во светскиот TCR шампионат.

Давидовски првата своја трка ја имаше во 1998 година и до 2010 настапуваше во шампионатите на Македонија на кружни и ридски патеки, а потоа започнува да настапува во Шампионатот на Србија на кружни патеки во најбројната класа „хибрид“.

Ова година Давидовски доминантно ја освои титулата и стигна до својот 10 шампионски пехар во кариерата.

– После толку многу години поминати на балканските патеки, дојде време Македонија да ја претставиме на светско ниво. Полека, но сигурно се подготвуваме за следната сезона, автомобилот е уплатен, ќе го имаме на располагање еден од првите 25 автомобили од најновата генерација на Honda Civic Type R TCR, изјави Давидовски.

Изминатиот викенд тој настапи со Seat Leon TCR V2 DSG на трка на издржливост во траење од 12 часа која се одржа на легендарната Ф1 патека Спа Франкоршамп во рамките на 24h TCE Series.давидовски 1

– Извозев преку 600 тркачки километри, а тоа е многу повеќе отколку што целиот шампионат кој го возев во Србија годинава. Започнав да го искусувам автомобилот, патеката, начинот на работа на тимовите и сериозноста на овие натпреварувања. Цел викенд беше врнежлив и се возеше во многу тешки услови, така што не успеавме да тестираме на сува подлога. После се што видовме до сега, за да одиме во светскиот TCR шампионат следната година, треба да склопиме перфектно организиран и сериозен тим, и затоа моментално сме концетрирани на тоа поле, дополни Давидовски.