Connect with us

Фудбал

Де Јонг проговори за платата- имаше многу лаги!

Фудбалерот на Барселона Френки де Јонг ги коментираше гласините за неговата плата во каталонскиот клуб.

Холандскиот играч за врска пристигна во Барса во 2019 година од Ајакс за 85 милиони евра, а медиумите го критикуваа дека одбил да прифати намалување на платата во кризните моменти на клубот ова лето. Се пишуваше и дека ќе биде продаден, за Барселона да се ослободи од неговата плата, но на крајот остана на Камп Ноу.

„Дејли мејл“ напиша дека поранешниот претседател на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, на Де Јонг му понудил повеќе од 400.000 евра неделно.

Со тоа сезонава би заработил 20 милиони евра и следната 25, а како „одложена плата“ би добил речиси уште 20 милиони евра.

„Имаше многу лаги за мојата плата. Ја намалував платата секоја од трите години кога сум овде. Парите на крајот се враќаат, па изгледаат многу поголеми. Многу луѓе не го разбираат ова, но бројките кои ги објавуваат медиумите се лажни“, рече Де Јонг.