Connect with us

Фудбал

Де Лаурентис: Ако сакаат да живеат како г***а, нека одат во Кина

Вицешампионот на италија Наполи е во незавидна ситуација. На поголемиот дел од фудбалерите не им се средени, односно продолжени преговорите. Двајца меѓу нив се стандардни првотимци, Дрес Мертенс и Хозе Каљехон. Покрај нив тука се Инсиње и Милик.

Според информациите, фудбалерите тактизираат бидејќи имаат богати понуди од Кина. На сето ова коментар имаше сопственикот на Наполи.

-Не сме подготвени да направиме некаков голем напор за нив. Секој играч има своја вредност во однос на тоа каде и како игра, колку години има. Ако сакаат да се продадат во Кина, да бидат преплатени и животот да го живеат како г***а две три години, тоа е нивен проблем, изјави Де Лаурентис.