Connect with us

Фудбал

Де Лаурентис има план, реконструкција на средниот ред, трансфер договорен

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Наполи добил уште едно засилување. Пред два дена имаше информација дека е договорен Диего Даме од Лајпциг, кој е забележан во Неапол, а сега стигнуваат вести дека е договорено и со Станислав Лоботка.

Наводно Наполи на Селта ќе и плати 20 милиони евра за неговите услуги, плус 4 или 5 милиони бонуси.

Со овие засилувања Наполи го реконструира средниот ред. Ако пристигнат официјално овие фудбалер, заминува Фабијан Руиз. Сепак, се очекува за него Наполи добро да заработи, околу 60 милиони евра, со оглед на тоа дека има интерес од Реал и Барселона, а со тие пари да дојдат тројца фудбалери, Даме, Лоботка и Амбрант.