Connect with us

Фудбал

Де Роси останува во Ромa, се согласи на дупло помала плата

Искусниот Даниел Де Роси останува верен на Рома.

Иако во последниве неколку недели ја спомна можноста за напуштање на Олимпико, овој 35-годишен италијански фудбалер одлучи да остане и да потпише нов договор.

Договорот на Де Роси со “Волчицата” истекува следното лето, а како што пишува Спорт Медиасет, постигна нов договор со лидерите на клубот според кој ќе биде дел од Рима до 2020 година.

Исто така, италијанските медиуми пишуваат дека Де Роси ќе заработува двојно помалку, поточно еден милион и пол евра по сезона според новиот договор.

Целата претходна кариера Де Роси ја помина во Рома, ова е седма година, а за римскиот клуб одигра речиси 600 натпревар.