Connect with us

Фудбал

Деби од соништата за ново засилување на Милан

Милан ја започна новата сезона со победа на гостувањето кај Болоња, а тренерот Стефано Пиоли можеше да види некои од новите засилувања донесени ова лето на дело.

Еден таков играч беше Тијани Рејндерс, кој доби шанса во средниот ред на Милан уште од првата минута, а навивачите и медиумите го пофалија за дебито со новиот тим.

Она што го разликува учинокот на Холанѓанецот е статистиката на ОПТА, според која Рајндерс е првиот играч на Милан кој поминал цел натпревар без погрешно додавање од сезоната 2004/05, односно откако е следена статистиката.

ОПТА го нарече новото засилување на Росонерите перфекционист, нешто што сигурно ќе биде дополнителна мотивација за новиот играч на Милан.