Connect with us

Ракомет

Дејвис куп: Победа на Гофин за 2:2 во полуфиналето Белгија – Австралија

Тениската репрезентација на Белгија успеа да го изедначи резултатот на 2:2 во полуфиналето на Дејвис купот, откако во денешниот прв сингл меч Давид Гофин со 3:1 во сетови го победи Ник Кириос од Австралија.

Гостите од Австралија поведоа со 1-0 во сетови откако Киргиос го доби тај брекот со 7:6 и 7:4 на поени. Но, во следните три сета Гофин беше подобар со идентични 6:4 во гемови и се избори петтиот меч да го реши победникот и патникот во финалето.

Во решавачкиот меч за Белгија ќе игра Стиви Дарцис, додека кај Австралија на теренот ќе биде Џон Милман.

Во второто полуфинале Франција ја совлада Србија со 3:1 и се избори за финалниот натпревар во Дејвис купот.