Connect with us

Фудбал

Дејвис стана крал на Европа на 19-годишна возраст, но приказната можеше да биде поинаква

Можете ли да го замислите Алфонсо Дејвис да носи поинаков дрес?

Многу навивачи сигурно не, а особено навивачи на Баерн. Канадскиот дефанзивец беше еден од протагонистите на баварската сезона со многу добри настапи и незапирливи експлозии на крилната позиција.

Сепак, кариерата на Дејвис можеше да го заземе патот на Премиер лигата. Ова го потврди претседателот на Кристал Палас, Париш:

„Кога имаше 15 години отидовме во Канада да го видиме и сакавме да го донесеме во нашите редови, но не успеавме да добиеме работна дозвола за Англија“.

loading...

„Вистинска приказна, ги имам сите пораки. Сигурен сум дека тој би сакал да дојде кај нас. Сега, кога ќе го погледнам Баерн, малку жалам, но среќен сум за Алфонсо“, рече Париш

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com