Connect with us

Други спортови

Дел Потро со пресврт до триумф над Зверев

Аргентинскиот тенисер Хуан-Мартин Дел Потро претпладнево по голема борба го победи Германецот Александер Зверев во осминафиналето на турнирот од серијата Мастерс 1.000 во Шангај, Кина.

Иако Зверев кој беше трет носител важеше за голем фаворит и го доби првиот сет со 6:3, сепак и тоа не му беше доволно за конечен триумф. Дел Потро беше поуспешен во тај-брејкот од вториот сет, а во решавачкиот трет сет резултатот беше 6:4 за Аргентинецот.

Во четвртфиналето Дел Потро (16. носител) ќе го чека подобриот од мечот меѓу Виктор Троицки (Србија) и Џон Изнер (САД).

Прв четвртфинале во Шангај избори Григор Димитров по победата над Сем Квери.