Connect with us

Фудбал

„Дели“ бодови на „малите“ клубови, но Солскјер вели со Тотенхем и Сити ќе се докажуваат

Манчестер Јунајтед сезонава се „расфрла“ со бодови против условно кажано помалите клубови. Во моментов тимот на Солскјер се наоѓа на 9.место на табелата, а во последните пет меча има две победи, две нерешени и пораз.

Иако тешко играат против „помалите“, сепак Солскјер верува дека на дерби мечевите ќе се покажат.

Следуваат два тешки меча, против Тотенхем и Манчестер Сити.

– Работата што се спроведува овде е секогаш насочена кон подобрување на играта. Имаме премногу нерешени резултати, што според мене требаше да бидат победи. Овие два претстојни натпревари против Тотенхем и Манчестер сити ни даваат големи шанси да се докажеме. Имавме добри резултати против добрите тимови, а имаме план за утре вечер. Кога ќе го облечете дресот на нашиот клуб, не е важно со кого играте, мора да ја дадете целата своја сила. Секако, по неделата, фудбалерите беа малку разочарани, но сега сите размислуваат за утрешниот дуел.

Средбата Манчестер јунајтед – Тотенхем се игра утревечер со почеток во 20:30 часот, градското дерби на кое домаќин ќе биде Сити е закажано за 7 декември во 18:30 часот.