Connect with us

Ракомет

Денес продолжуваат натпреварите од Лигата на Шампионите

Со натпреварот што се игра денеска меѓу Флензбург и Цеље од 18:30 часот во Флензбург продолжуваат возбудувањата во ракометната Лига на шампионите. По паузата поради ЕХФ неделата каде активни беа репрезентациите ќе продлжат натпреварите и на програмата е 6.коло.

Европскиот првак Вардар во рамките на ова коло во сабота гостува кај шведскиот тим Кристаианстад и почетокот на дуелот е во 18 часот.

Вториот македонски тим Металург е домаќин на руската екипа Чеховски медведи во недела. Почетокот на дуелот е во 17 часот.

По еднонеделна пауза натпреварите ќе ги продолжат жените. ЖРК Вардар е домаќин на Ларвик натпреварот се игра во сабота со почеток 17 часот.