Кошарка
Денис Шрудер зад решетки заради нарушување на јавниот ред и мир
Тој пред еден ноќен бар во Бруклин, започнал тепчка и затоа полицијата морала да го уапси.
Кошаркарот на Атланта, се туркал со непознат маж, а потоа заедно со пријателите истиот го претепал. Според полицискиот извештај, мажот поминал со полесни повреди, додека Шредер добил пријава заради нарушување на јавниот ред и мир.
Во договорите на НБА играчите е нагласено дека е строго забрането учествување во било какви инциденти надвор од паркетот и затоа Германецот би можел да добие сериозна казна.