Фудбал
Денот кога фудбалот „умре“ – 38 години од трагедијата „Хејзел“ (ВИДЕО)
Пред 38 години на денешен ден, 39 навивачи трагично загинаа на стадионот Хејзел вечерта на финалето од Лигата на шампионите помеѓу Јувентус и Ливерпул.
На 29 мај 1985 година, 39 симпатизери – главно навивачи на Јувентус – трагично го загубија животот на стадионот Хејзел. Навивачите на „бјанконерите“ се обидуваа да побегнат од група навивачи на Ливерпул кои ја пробија оградата што ги делеше двете групи од неутралната зона на стадионот.
Инцидентот се случи пред почетокот на натпреварот, но и покрај трагичните околности финалето сепак се играше. Јувентус го доби натпреварот со 1-0, но беше речиси невозможно клубот да ужива во победата и освоената титула со оглед на настаните кои претходеа во ноќта.
По инцидентот, УЕФА ги исклучи англиските клубови од европските натпреварувања на пет години.
Кога двата тима се сретнаа во Лигата на шампионите во 2005 година, навивачите на Ливерпул кренаа транспарент на кој пишуваше: „Пријателство“.
„Две екипи ќе играат финал во европскиот куп, натпревар кој го привлече вниманието на цела Европа. Стадион во Белгија, ноќ што требаше да биде забава. Таму беа илјадници луѓе вечерва на „Хејзел“ Илјадници очи кои едвај ја чекаа возбудата на одличен натпревар. Имаше 39 кои никогаш не го гледаа овој натпревар.
Од тој ден во 1985 година, зборот „Хејзел“ е синоним за ужас, грозни настани кои излегуваат од контрола. 29 мај е датумот кога оваа рана повторно боли и знаеме дека болката никогаш нема да престане. Се собравме заедно во спомен на семејствата и сите најблиски на овие 39 невини луѓе. Тие беа таму и никогаш нема да престанат да бидат со нас“, стоеше во соопштението на Јувентус
Heysel, 38 years ago today. In loving memory.
— JuventusFC 🇬🇧🇺🇸 (@juventusfcen) May 29, 2023
Ниту Ливерпул не го заборави овој ден.
„Во знак на почит кон загинатите, денес ќе бидат поставени цвеќиња до спомен плочата на трибината на Сер Кени Далглиш на „Енфилд“. Знамињата на сите клупски терени ќе бидат на половина јарбол во текот на денот“, стоеше во објавата на клубот од Англија.