Connect with us

Фудбал

Дербито Вардар-Шкендија е од висок ризик и без гостински навивачи

Согласно договорот на двата клуба и МВР, нема да биде дозволено присуство на гостинската навивачка група „Балисти“, а исто така забранет влез на стадионот е за сите симпатизери на Шкендија.

За навивачите на Вардар отворени ќе бидат јужната и западната трибина, а карти на билетарницата ќе може да купат најдоцна до 14 часот, односно 30 минути пред почетокот на натпреварот. Во истиот термин се играат и останатите натпревари.

Академија Пандев го пречекува Шкупи, Скопје е домаќин на Силекс, победа е гостин на Пелистер и Работнички на Ренова.