Connect with us

Фудбал

Дербито во Тетово без победник, „балистите“ ја запалија трибината (ВИДЕО)

Во дербито на 8.коло во ПМФЛ немаше победник. Шкендија и Шкупи ремизираа без голови. Навивачите на домашната екипа имаа совое пиротехничко шоу.

На останатите мечеви, Струга Трим Љум запиша победа против Тиквеш со 2:0 со головите на Ибраими во 9 и Илиески во 88 минута запиша осма победа на осмиот меч сезонава, единствена со максимален ефект, гази во ПМФЛ.

Македонија ЃП ја победи Академија Пандев со 1-0, решавачки беше голот на Стојкоски во 10 минута, еврогол за насловни шпици.

Работнички со голот на Рушевиќ во 30 минута ја совлада Победа.

Осмото коло ќе биде комплетирано утре со мечот Скопје-Брегалница.

Табела: Струга Трим Љум 24, Силекс 14, Шкендија 12, Шкупи 11, Брегалница 10, Тиквеш 10, Македонија ЃП 8, Академија Пандев 7, Работнички 7, Победа 4, Скопје 3.