Connect with us

Фудбал

Дешамп му порача на напаѓачот: Замини од Челзи, ама што поскоро

Дидие Дешамп ја кометираше ситуацијата со Оливие Жиру и неговата мала минутажа во Челзи. Секако беше запрашан дали напаѓачот ќе биде во неговите планови за ЕУРО 2020.

Тој преку медиумите му порача дека е најдобро да замине.

-Тоа е негова одлука, но сепак треба почесто да игра и да остане во форма.Неговата ситуација не е променета веќе два месеци, би било подобро за него да замине, вели Дидие Дешамп.

Жиру е веќе во преговори со Интер, а според информациите во јануари следува трансфер. Сепак според плановите на Конте и во Милано Жиру ќе биде замена за Лукаку и Мартинез.