Connect with us

Фудбал

Дешамп останува селектор на Франција, Зидан нема повеќе план Б

Дидие Дешамп останува француски селектор до 2020 година откако Француската фудбалска федерација (ФФФ) му даде нов договор по успешните квалификации за СП во Русија в година.

Дешамп, кој беше дел од славниот француски тим што го освои мундијалот во 1998 година, е поранешен тренер на Монако, Јувентус и Марсеј, а на селекторското место е од 2012 година кога го замени својот поранешен соиграч, Лорен Блан, по Европското првенство.

„Бевме на ручек со Дидие за продолжување на соработката до крајот на Евро 2020. Му дадов осум дена да размисли и по уште еден ручек, се согласивме. Тој останува со нас“, изјави претседателот на ФФФ, Ноел Ле Гае.

Дешамп ги предводеше Французите на СП во Бразил во 2014 кога стигнаа до четврт-финалето пред да загубат во финалето на Евро 2016 на домашен терен од Португалија.

Со оваа одлука, Зинедин Зидан, нема повеќе план Б доколку Реал Мадрид одлучат дека заврши неговата тренерска кариера во Мадрид