Connect with us

Фудбал

Џака: Би избришал две ситуации во кариерата. Едната е од натпреварот со Србија

Ждрепката ги спои Србија и Швајцарија вторпат по ред на СП. Во Русија пред четири години овие две репрезентации одиграа клучен натпревар за пласман во осминафиналето, а Швајцарија продолжи по победата од 2:1. Головите за Швајцарија ги постигнаа Џака и Џердан Шаќири, а преоден гол дојде во 90. минута.

По голот на Швајцарија, Џака славеше пред српските навивачи покажувајќи им го со рацете двоглавиот орел, симболот на Албанија. Сепак, фудбалерот кој по потекло е од Косово, во интервју за швајцарските медиуми изјави дека тоа не требало да го направи.

„Да, секогаш ви давав материјал за добри приказни. Се беше добро на мечот со Србија, освен тој орел. Не требаше да го сторам тоа. Имав два такви моменти во кариерата кои нема да ги повторам. Едната беше на натпреварот помеѓу Арсенал и Кристал Палас, кога противничките навивачи ме навредуваа, а јас им одговорив. Вториот е тој меч со Србија, кога го направив тоа што го направив“, изјави фудбалерот на Арсенал.