Фудбал
Џанпјеро Вентура го соопшти списокот репрезентативци за квалификацискиот натпревар против Македонија
Вентура повика 25 фудбалери, без некои посебни изненадувања на списокот, со сосема очекуваниот состав. Во репрезентацијата се враќа и фудбалерот од средниот ред на Болоња, Симоне Верди, а останатите ќе бидат главно оние кои настапија и на меѓусебниот дуел во Скопје.
ГОЛМАНИ: Буфон (Јувентус), Донарума (Милан), Перин (Џенова)
ОДБРАНА: Астори (Фиорентина), Барзаљи (Јувентус), Бонучи (Милан), Кјелини (Јувентус), Д’Амброзио (Интер), Дармиан (Манчестер јунајтед), Ругани (Јувентус), Спинацола (Аталанта), Запакоста (Челси)
СРЕДЕН РЕД: Де Роси (Рома), Пароло (Лацио), Пелегрини (Рома), Верати (ПСЖ), Бернардески (Јувентус), Кандрева (Интер), Ел Шарави (Рома), Инсиње (Наполи), Верди (Болоња)
НАПАД: Белоти (Торино), Едер (Интер), Габиадини (Саутемптон), Имобиле (Лацио).