Connect with us

Фудбал

Џенова кад што игра Горан Пандев, доби нови сопственици

Американската инвестициска компанија „777 Партнерс“ го купи италијанскиот фудбалски клуб Џенова за 150 милиони евра.

Компанијата, чие седиште се наоѓа на Флорида, и претседателот на Џенова, Енрико Прециози, постигнаа договор за купување, па наскоро се очекува официјално соопштение за тоа, пренесуваат италијанските медиуми.

„777 Партнерс“ е приватна компанија, основана во 2015 година, и е еден од малцинските сопственици на шпанскиот прволигаш Севиља.