Фудбал
Џо Харт всушност не е „Џо“ Харт
Добро познатиот голман Џо Харт (33) стана нов член на Тотенхем.
Менаџерот на „Спарси“, Жозе Мурињо ги изненади сите со својата одлука да го потпишат 33-годишниот голман, кој талкаше од тим до тим во претходните сезони.
Интересен факт е дека името на овој голман всушност не е Џо. Тоа е само неговиот прекар, а неговото полно име е Чарлс Џозеф Џон Харт.
Сепак, сите го познаваат по прекарот Џо. Отсекогаш бил со него, а интересно е што само во Торино, каде играше една сезона, името Џон стоеше до презимето.
Потсетуваме, поранешниот интернационалец на Англија беше член на Сити долги години, а играше и за Бирмингем, Торино, Вест Хем и Барнли.