Connect with us

Други спортови

Џошуа против Такам сруши рекорд стар 39 години кој припаѓаше на Мухамед „The Greatest“ Али

Шампионот во тешка категорија Ентони Џошуа го сруши рекордот што претходно го држеше “The Greatest”, Мухамед Али.

Шампионот на Велика Британија и противникот Карлос Такам вечерва испишаа историја пред група од 78.000 луѓе на стадионот во Кардиф.

Борбата ого сруши рекордот на публика во затворена арена, рекорд што претходно го држеше големиот Мухамед Али од 1978 година.

Неговата борба со Леон Спинкс, која го држеше рекордот 39 години, привлече 63.315 навивачи на Супердоум во Њу Орлеанс. Ова беше втора средба меѓу Али и Спинкс, кои на својата прва средба забележа победа над Али, што го направи единствениот човек што освои титула од Али во рингот.

Али победи во реваншот со едногласна одлука и повторно го освои ВБА шампионатот во тешка категорија, а борбата била истакната поради тоа што била последна победа на Али пред поразот од Тревор Бербик – што резултираше со негово пензионирање.