Фудбал
Дибала го дочекува Мората со посебна порака
Алваро Мората се враќа во Јувентус.
Шпанскиот напаѓач се враќа и ќе го носи црно-белиот дрес по искуството во Атлетико Мадрид. Старата дама одлучи тој да биде новиот напаѓач за оваа сезона.
Меѓу првите играчи на Јувентус што го пречекаа Алаваро Мората е Пауло Дибала, кој ќе биде негов колега за оваа сезона.

Само за една сезона, двајцата напаѓачи воспоставија многу добра врска за која се надеваат дека ќе биде подобрена оваа година.
Дибала на Инстаграм напиша: „Колку е убаво што си повторно тука“.
Со овие двајца и Кристијано Роналдо, возможен е секој сон за навивачите на Јувентус.