Connect with us

Ракомет

Дибиров: Драги фанови, во тешка ситуација сме, но време е за обединување

Вардар попладнево против Мотор го игра 12-тиот меч во Лигата на шампионите сезонава. По четири врзани порази, „црвено-црните“ сакаат победа, иако по неколкуте заминувања, пред се на Криштопанс и Атман, секако дека европскиот првак е ослабен.

Пред два дена и Тимур Дибиров призна дека ситуацијата е тешка, поради тоа преку својот Инстаграм им порача на навивачите.

-Драги фанови, знам дека сега сме во тешка ситуација и сите вие сте многу разочарани,но сега е момент за сите нас да се обединиме и да покажеме дека Вардар бил и ќе биде, и може да победи секогаш, и сите заедно да дадеме поддршка кога е најтешко, ве повикувам сите во салата и да покажеме што е љубов,з аедно можеме да направиме се.

Мечот се игра во 17:30 часот во Скопје.