Connect with us

Ракомет

Дибиров: Ние сме подготвени, Кил нека покаже кои се

Еден од најдобрите ракометари на Вардар, Тимур Дибиров вели дека се максимално мотивирани во пресрет на дуелот со Кил. Ова е натпревар каков што посакуваат сите ракометари, па на Кил останува во Скопје да покажат кои се тие, вели Дибиров.

-Повеќе се плашам кога играме со екипи на пониско ниво бидејќи тогаш има нешто што недостига и има работи кои може да не ги направиме. Може да недостига мотивација на пример. Сепак, кога доаѓа екипа како што е Кил тогаш сме среќни и има право да излезам со такво расположение. Во ваков меч може да се случи сè. Ние сме подотвени, а на Кил останува да покажат кои се. Ние знаеме кои сме и знам дека ова ќе биде уживање за сите навивачи и професионалци во нашиот спорт, како и за сите експерти. Возбудени сме и очекуваме на овој натпревар да покажеме кој е кој на терените, вели Дибиров.

Натпреварот Вардар – Кил се игра на 12 октомври во 17:30 часот.