Фудбал
„Дијамантот“ нема да игра на светското првенство, Босна повеќе нема шанси
Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина загуби од Белгија 3:4 (2:1), во претпоследното коло во Х групата, во кавлификациите за пласман на Светското првенство. По овој пораз БиХ има минорни шанси да стигне до баражот за пласман на Мундијалот, бидејќи Белгија уште во минатото коло го обезбеди првото место во групата. Во вториот натпревар од оваа група Гибралтар загуби од Естонија 0:6. Еден меч е одигран и во А групата, Шведска го декласира Луксембург со 8:0.
БиХ против Белгија имаше водство на полувреме, потоа и нерешен резултат во 82.минута, но на шест минути до крајот играчот на мечот Јаник Караско го постави конечниот резултат. Покрај голот Караско беше асистент за вториот и третиот гол на Белгија.