Connect with us

Фудбал

Дилеми веќе нема: Кариус официјално во Бешикташ

Германецот Лорис Кариус и официјално е нов голман на Бешикташ.

Кариу минатата сезона не се прослави во дресот на Ливерпул, посебно не во финалето од Лигата на шампионите, а откако на „Енфилд“ дојде Алисон беше јасно дека ќе мора да бара нов клуб.

Овој 25-годишен голман одлучи својата кариера да ја продолжи во Турција, поточно во редовите на турскиот великан Бешикташ, за кој во наредните две сезони ќе брани како позајмен играч.

„Сите во Ливерпул му посакуваме се најдобро во текот на неговата позајмица“, беше соопштено на веб страната на „Редсите“.

Според договорот, Бешикташ по истекувањето на позајмицата ќе треба да плати 9.5 милиони фунти за да го откупи Кариус доколку има 50% од настапите и ако клубот од Истанбул се избори за учество во европските натпреварувања.