Connect with us

Ракомет

Димитроски: Со триумф против Татрат до врвот

Средбата против Татран е последна за оваа година за Вардар на домашен терен, а претпоследна во СЕХА со оглед на тоа што останува уште гостувањето кај тимот на Нексе.

-Ова ни е последниот натпревар годинава на домашен терен. Сакаме да го дадеме нашиот максимум на оваа средба и со победа да ја завршиме оваа година на домашен терен. Ние секогаш одиме да го дадеме максимумот и да се дојдеме до нов триумф за првото место во групата”, вели Димитар Димитриоски, левото крило на Вардар.

Средбата против Татран се игра в понеделник од 20:15 часот.

Во продажба се билетите за натпреварот, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и он лајн преку www.ticketplus.mk