Други спортови
Димитров прв четвртфиналист на Мастерсот во Шангај
Бугаринот Григор Димитров се пласира во четвртфиналето на тенискиот турнир од серијата Мастерс 1.000 во Шангај, откако утрово го совлада Сем Квери од САД со 2:0.
Првиот сет бугарскиот тенисер го доби со убедливи 6:3, а вториот на тај-брејк со 7:6.
Противник на Димитров кој е шести носител на турнирот, во четвртфиналната фаза ќе биде подобриот од мечот Рафаел – Надал – Фабио Фоњини.
Овој меч е закажан за 12 часот по средноевропско време.