Connect with us

Други спортови

Димитров со пресврт до финалето на Мастерсот во Лондон

Бугарскиот тенисер Григор Димитров успеа да се пласира во финалето на завршниот Мастерс откако синоќа во второто полуфинале со пресврт го совлада Американецот Џек Сок со 2:1 во сетови.

Тој со четири победи на турнирот се избори за своето петто финале годинава, што е негов најголем успех во кариерата.

Американецот Сок го доби првиот сет со 6-4 во гемови, но Димитров „се врати“ во игра откако вториот сет го доби со 6-0. Во решавачкиот сет беше 6-3 за Димитров.

Во финалето негов ривал ќе му биде Давид Гофин од Белгија кој направи изненадување со триумфот на шесткратниот победник на Мастерсот Швајцарецот Рожер Федерер. Досега Димитров и Гофин имаат одиграно пет мечеви, а резултатот е 4:1 за Димитров, кој убедливо победи и на мечот одигран на овој Мастрес во рамките на групата со 2:0 во сетови (6-0 и 6-2 во гемови).