Connect with us

Фудбал

Директорите на Барселона во Доха на разговори со Чави, ќе прифати ли да го наследи Валверде?

Ерик Абидал спортски директор и Оскар Грау, извршен директор според дел од каталонските медиуми биле во Доха на средба со Чави Ернандез. Причината е понудата да го анследи Валверде на клупата на Барселона.

Поразот во полуфиналето во Суперкупот од Атлетико Мадрид, неубедливите игри сезонава, се причината поради која раководството на Барселона планира да му врачи отказ на Валвреде, а тоа може да се случи веќе во понеделник, се разбира доколку Чави каже ДА.

Легендата на Барселона во моментов е тренер на Ал Саад, а исходот од разговорите не е познат, бидејќи каталонскиот тим сето ова го држи во строга тајност.