Connect with us

Други спортови

Директорка на полиција под истрага поради ФБ-порака за играчи од НФЛ

Полицијата во американската држава Мичиген соопшти дека со интерна истрага ќе се утврди дали нивната директорка ќе биде казнета поради објава на Фејсбук во која дел од играчите на американски фудбал ги нарекува „антиамерикански изроди”.

Портпаролка на полицијата нагласи дека директорката Кристи Киби Етју ќе биде третирана како и секој друг вработен, обвинет за неправилно постапуавње.

Етју споделила порака потпишана со „Ние, народот”. Во неа играчите на американски фудбал кои клечат за време на изведување на американската химна ги нарекува „неблагодарни милионери кои ја мразат САД и не ги почитуваат армијата и ветераните”.

Таа се соочува со укор или претдневна суспензија. Етју, сепак се извини, а гувернерот Рик Снајдер рече дека нема да биде отпуштена од работа.

Пратеници, активисти за граѓански права и други сакаат таа да си замине од функцијата.

Клечењето за време на изведување на химната, како вид протест поради полицискиот третман врз црнци, го покрена минатата сезона тогашниот квотербек на Сан Франциско, Колин Каперник, а кулминација се случи по немирите во Сент Луис поради ослободување бел полицаец обвинет за убиство на невооружен Афроамериканец. Клечењето на голем број играчи од НФЛ поредизвика судири и со претседателот Доналд Трамп.