Connect with us

Други спортови

Директорот на Австралија опен: Секој што ќе го навреди Ѓоковиќ ќе биде исфрлен

Австралија опен започнува на 16 јануари и ќе трае до 29 јануари, а на него ќе учествува и деветкратниот победник на турнирот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ. Да потсетиме, поради тоа што одби да се вакцинира, српскиот тенисер на крајот беше депортиран од Австралија по филмската драма и доби забрана за игра.

Оваа година правилата се сменија и Ѓоковиќ ќе настапи, а директорот на Австралија опен, Крег Тајли ги предупреди навивачите дека ќе бидат исфрлени од трибините доколку на каков било начин го навредуваат српскиот тенисер поради минатогодишната епизода и неговиот став за коронавирусот.

„Ако навивачите го расипат некому уживањето – ќе бидат избркани. Не ги сакаме таму. Тие можат сами да си заминат или ние ќе ги избркаме. Она што отсекогаш ми се допаѓало во Мелбурн е големата почит кон извонредноста и спортот, кој е веројатно поголем од кој било друг дел на Австралија. Очекувам дека навивачите ќе го ценат тоа“.