Connect with us

Фудбал

Директорот на Барселона пред отказ, „виновник“ ќе биде Лионел Меси?!

Спортскиот директор Ерик Абидал ги прозва ѕвездите на Барселона, дека дел од нив намерно го „бојкотирале“ поранешниот тренер Ернесто Валверде оструирајќи ја неговата работа.

Првата ѕвезда на тимот Лионел Меси се пронајде во овие критики, па му одговори на Абидал.

Аргентинецот го повика Абидал да ги именува играчите на кои има замерки.

– Ако кажете такви работи за играчите, тогаш треба да наведете конкретни имиња. Затоа што ако не го сторите тоа, тогаш се однесува на сите нас, нешто што не е точно. Секој треба да си носи одговорност за своите задачи и одлуки. Играчите се одговорни за она што се случува на теренот и кога нешто тргне наопаку, ние сме први кои го признавме тоа, изјави Меси.

Сепак, извори блиски до спортскиот директор на Барселона, тврдат дека напаѓачот Лионел Меси погрешно ги толкувал неговите зборови.

По целата оваа ситуација, пишуваат каталонските медиуми, Абидал завршил на итен состанок со првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу. Како што велат дел од медиумите, доколку недоразбирањата продолжат Абидал можно е да биде отпуштен, а секако „кум“ на сето ова ќе биде Лионел Меси.