Connect with us

Фудбал

ДОБРА ВЕСТ: Фудбалерите го победија вирусот!

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ги има на располагање сите сили за денешниот меч со Лихтенштајн во рамките на 3. коло од Лигата на нации. проблемот со стомачниот вирус кој ја закачи репрезентацијата во текот на изминатиот ден е полека саниран, а погодените фудбалери се враќаат во репрезентативниот состав и ќе конкурираат за стартниот тим на вечерашниот дуел.

Вчера дури петмина фудбалери поради стомачен вирус го пропуштија тренингот пред дуелот. Станува збор за Аријан Адеми, Бобан Николов, Стефан Спировски, Кристијан Тошевски, Мите Цикарски и Стефан Ристовски, чија состојба се следеше 24 часа од нашиот лекарски тим. Последните информации велат дека фудбалерите денеска се чувствуваат добро и ќе можат да истрчаат на дуелот на Националната Арена.

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com