Connect with us

Фудбал

Добра вест за Симеоне пред мечот со Ливерпул, се враќа напаѓачот

Атлетико Мадрид го објави списокот на фудбалери за првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Ливерпул.

Надвор од тимот се играчите од средниот ред, Жоао Феликс и Хектор Херера, како и дефанзивецот Киран Трипиер. Напаѓачот Диего Коста, кој не играше од ноември, се враќа во комбинација за настап.

Натпреварот Атлетико – Ливерпул ќе се одигра вечер на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид со почеток во 21 часот.