Connect with us

Фудбал

Добри вести од Торино: Влаховиќ се опорави од повредата

Напаѓачот на Јувентус и српската репрезентација Душан Влаховиќ се опорави од повредата и дефинитивно е подготвен за дербито против Интер.

Масимилијано Алегри на прес-конференцијата пред натпреварот од Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен навести дека враќањето на Влаховиќ е неизбежно, а сега дојде тој момент.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Алегри покрај на Влаховиќ ќе може да смета на Анхел Ди Марија и Глејсон Бремер за дуелот со Интер.

Влаховиќ се опорави од повредата, за негова среќа, но и за српската репрезентација, се покажа дека повредата не е толку сериозна како што првично се сомневаше.

Јувентус во недела од 20:45 часот го пречекува Интер.