Connect with us

Фудбал

Доктор Исајловски: Јас сум против фудбал во Македонија, нема услови поради коронавирусот

Директорот на Здравствен Дом Скопје, доктор Виктор Исајловски во гостување во емисија на Телевизија 24 изјави дека фудбал во Македонија не би требало да се игра. Како што вели тој, само еден стадион ги исполнува условите да се игра фудбал во време на коронакриза.
Тој е член и на Комисијата за заразни болести, но како што потенцира не може сам да ја донесе одлуката, но е против да се рестартира сезоната наскоро.

„ Во нашата држава има само еден фудбалски терен кој ги исполнува условите да се игра фудбал во време на корона вирус, изјави доктор Исајловски.
Се чека конечната одлука на УО на ФФМ кога треба да продолжи фудбалската сезона во Македонија. Клубовите веќе почнаа со тренинзи.