Connect with us

Фудбал

Дон Карло лут на Гатузо, му забил „нож во грб“

Карло Анчелоти и Гатузо се големи пријатели. Нивниот добар однос продолжи и откако Гатузо се повлече од професионалната играчка кариера, а во Милан популарниот Дон Карло му беше тренер.

На клупата на Наполи ученикот го наследи учителот, но според италијанските медиуми нивниот однос бил како татко и син.

Иако и двајцата кажаа добри зборови еден за друг откако стана јасно дека Анчелоти ќе биде наследен од Гатузо, сепак италијанските медиуми тврдат дека Дон Карло е бесен и лут на Гатузо. Наводно уште од почетокот на ноември Наполи, поточно сопственикот Де Лаурентис преговарал со Гатузо да го замени Анчелоти за кој планирал отказ. Сепак, „синот“ не кажал ниту збор на „таткото“ за ова, односно ја премолчел селата ситуација. „Паднал“ и начелен договор, само се чекал момент Де Лаурентис да му врачи отказ на Анчелоти.

Тоа се случи по победата на Наполи над Гент, а веднаш следниот ден Гатузо беше промовиран во нов тренер и беше одржана прес конференција, доволен доказ дека претходно било се договорено.