Connect with us

Кошарка

Дончич ќе донира 30 илјади евра од продадените патики

Словенечкиот кошаркар Лука Дончич ги продаде своите патики со кои настапи на финалето на Евробаскет 2017 и собраните 30.000 евра ќе ги донира за хумани цели.

Играчот на Реал Мадрид на ваков чекор се решил со цел подобрување на условите за развој на млади кошаркари кои живеат во тешки финансиски услови во Словенија, објавија локалните медиуми.

„Црвените патики” кои младиот словенечки кошаркар ги носеше на сите натпревари на ЕП како и на финалето во победата над Србија се до средината на третиот период кога се повреди, ги купи една словенечка фирма која вети дека ќе ги изложи во своите простории.

Во слични акции собрани се околу 10 милиони евра кои ќе бидат искористени за помош на околу 5.000 талентирани сиромашни деца од Словенија.