Connect with us

Ракомет

Допинг скандал ја тресе Романија, вмешана и македонска ракометарка

Седум ракометарки на романскиот женски тим Корона Брашов се вмешани во допинг скандал, меѓу нив и македонската ракометарка Наташа Нолевска.

Таа е суспендирана од 27 ноември, пишуваат романските медиуми, наведувајќи дека сама признала дека користела допинг, односно недозволена терапија. Наташа Нолевска е стандардна македонска репрезентативка.

Според информациите од романските медиуми, на почетокот на месецот декемри ќе почне сослушувањето за случајот.