Connect with us

Фудбал

Доста е со Јапонија, Бабунски се враќа во Европа

Давид Бабунски завршува со Јапонија, каде игра од 2017-та година и тоа за два тима, Јокохама Маринос и Омија Ардица. Договорот му заврши со последниот клуб, па тој реши да го промени првенството.

Според информациите Бабунски се очекува да потпише договор со полскит тим Пјаст, тим кој по 20 кола е на шестото место во полската лига.

Бабунски во минатото играше за Барселона Б, но и за младинскиот тим на каталонската екипа, потоа за Црвена Звезда, а го носеше дресот и на македонската фудбалска репрезентација.