Connect with us

Фудбал

Драконска казна за Кепа, Челзи нема милост

Челниците на Челзи сепак го казнија голманот Кепа Аризабалага откако одби да биде заменет во финалето од Карабао купот против Манчестер Сити.

Казната за Кепа ќе биде одземање на една неделна плата во износ од 225.000 евра, а износот ќе биде уплатен во клупската хуманитарна организација.

Менаџерот на Челзи Маурицио Сари се обиде во 119-тата минута да го замени Кепа за да може пеналите да ги брани Вили Кабаљеро, но младиот Шпанец не сакаше да излезе од теренот.

Италијанецот полуде на клупата, а во еден момент стигна и до вратата за излез од стадионот, но Кепа не сакаше да излезе, па шокираниот Сари се откажа од замената.

Кепа успеа да одбрани еден пенал, но тоа не беше доволно за триумф на „сините“ бидејќи неговите соиграчи два пати беа непрецизни.

Иако по натпреварот Сари и Кепа тврдеа дека станувало збор за „недоразбирање“, шпанскиот голман сепак ќе биде казнет од клубот.

„Се случи недоразбирање на крајот од мечот. Кепа се пожали на повреда, а јас погрешно ја протолкував ситуацијата. Тој се чувствувал способен да продолжи, но бидејќи јас не ја добив таа информација, решив да направам замена. Сето тоа е сега зад нас“, стоеше во официјалната изјава на Сари, пренесена од Челзи.