Connect with us

Фудбал

Драма на „Ст. Џејмс Парк“: Пет гола, прекин, црвен картон, Арапи на трибините и славје на Тотенхем

Видовме многу возбудувања на натпреварот од осмото коло помеѓу Њукасл и Тотенхем.

Конечниот резултат гласеше 2:3 за гостите од Лондон, но да одиме по ред.

Во втората минута Вилсон погоди за 1:0 на асистенција на Манкила, така што Њукасл не можеше да го започне натпреварот подобро.

Тотенхем брзо се врати во игра во 17. минута со голот на Ндомбеле, на асистенција на Регујлон.

Во 22. минута тотален пресврт, Кејн погоди за 1:2.

Во 41. минута, драмата на „Ст. Џејмс Парк“. Еден навивач се онесвести, натпреварот беше прекинат, службата за итна помош и медицинската екипа истрчаа на теренот, се бореа за животот на навивачот кој беше префрлен во болница и натпреварот продолжи.

По паузата, Сон постигна гол за 1:3 во третата минута од нсудиското надополнување во првото полувреме.

Имаше неколку добри шанси пред двата гола, а Диер си постигна автогол во 89. минута за 2:3, што беше конечен резултат на оваа игра што домашниот тим го заврши со играч помалку откако Шелви беше исклучен во 83. минута по вториот жолт картон.

Да додадеме дека на овој натпревар, очекувано, се беше во знакот на новите сопственици, а навивачите на Њукасл масовно се маскираа во Арапи.

Сцените со популарната палестинка на главата и пиво во раката навистина изгледаат смешни. Навивачите пристигнаа на стадионот на различни начини, а некои дури успеаја да набават едноделен костим на Арап кој јава коњ.

Реклама

Facebook

Реклама