Connect with us

Фудбал

Драма во Хрватска: Исчезна фудбалер, му се губи секоја трага од саботата!

Во понеделникот на 21 август исчезна фудбалерот на Горица Хамед Абдула Талал. Тој пред десетина дена потпиша договор со овој хрватски клуб, а во саботата од Хрватска замина во Будимпешта каде се пресели.

Од тој момент, кога отишол да ги извади потребните документи за регистрација во новиот клуб и ги преселил работите во својот нов дом во Велика Горица, Хамед го нема.

Последниот контакт со својот агент го имал во утринските часови овој понеделник, кога му рекол дека „само ги спакува работите и оди во Велика Горица на попладневен тренинг во клубот“. И оттогаш му се губи секоја трага, објави „ Индекс.хр “

Исчезнувањето било пријавено во унгарската полиција, а семејството и Горица ги замолуваат сите, доколку имале можност да се сретнат со фудбалерот во понеделник или вторник, да се обратат до најблиската полициска станица или клуб со информации. Играчот вози бело „порше“ со шведски регистерски таблички.