Connect with us

Ракомет

Драматична завршница во Автокоманда, Металург славеше против Бутел

Металург го доби мечот против Бутел со минимални 26:25 (полувреме 15:11) во драматичен финиш. Иако водеше во текот на целиот меч, сепак тимот од Автокоманда со неколку грешки во одбраната и нереализирани напади се „погрижи“ за драматичен финиш.

Имено, на неполни две минути пред крајот, домаќинот имаше предност од 26:24 беше досуден седмерец за гостите. Црвен картон доби Пецаковски, а Мојсовски погоди за Бутел од седум метри за намалување на разликата на еден гол. На спротивната страна од салата Металург можеше да го потврди победникот, бидејќи по брзиот напад беше досуден седмерец, но Шилегов не успеа да го реализира.

Ракометарите на Бутел добија дваесет секунди за напад и можност за израмнување, но последната шанса не успеа да ја претвори во гол Златко Мојсоски. Со оваа победа РК Металург се најде на првото место, а веднаш зад него е РК Бутел. Најефикасен во домашниот тим беше Шилегов со 5 погодоци, на спротивната страна Златко Мојсоски постигна седум.